Активности



Вторник, 1 јуни 2010 година

Надзорна расправа на тема „Имплементација на Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности“

Комисијата за култура на Собранието на Република Македонија денеска, во рамките на Единаесеттата седница, ја одржа третата Надзорна расправа на тема „Имплементација на Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности“.

На средбата, покрај претседателот г. Васко Шутаров и заменик-претседател на комисијата г-ѓа Лилјана Затуроска, присуствуваа  и членовите на Комисијата за култура: г-ѓа Роза Топузова Каревска, г-ѓа Маринела Тушева, г. Феми Јонузи, г-ѓа Весела Честоева,  г-ѓа Наташа Јаневска, г-ѓа Флора Кадриу, г-ѓа Цена Матевска, г. Џемаил Јашари, заменик членови г-ѓа Соња Цветковска, г-ѓа Анета Стефановска, потоа потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска, членовите на Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за образование, наука и спорт, како и претставници на Националниот институт за демократија (НДИ) , УСАИД и граѓанскиот сектор.

Целта на оваа Надзорната расправа е надзор на имплементација на Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности.

Оваа надзорна расправа е од особено значење, како од аспект на резултатите од имплементацијата на Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности, што е од важност за граѓаните во Република Македонија, така и од аспект на отпочнувањето на практичната примена на одредбите на Законот за Собрание на Република Македонија во делот на надзорната димензија на законодавната власт во нашата држава.

Воведно излагање имаше претседателот на Комисијата за култура, г. Васко Шутаров, во кое накратко даде свое образложение за Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности.

Во расправата, свое излагање имаа и министерот за правда, г. Михајло Маневски, министерот за образование и наука, г. Никола Тодоров,  министерот за култура, г-ѓа Елизабета Канческа-Милевска, директорот на Управата за јавни приходи, г. Горан Трајковски, раководителот на Сектор за даноци при Министерството за финансии, г. Борче Смилевски, како и, Владимир Талески, градоначалник на општина Битола, Даниел Димевски, директор на управнио одбор на Кошаркарската федерација на Македонија и г-ѓа Никица Кусиникова, НВО „Конект“, кои дадоa свои мислења и одговори до членовите на Комисијата.

Присутните дебатираа на прашањата колку е успешна имплементацијата на Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности, имајќи ги предвид и веќе направените измени на Законот во 2008 година, какви придобивки има граѓанскиот сектор од овој Закон, особено во културните и во спортските настани, какво е мислењето на големите фирми во Република Македонија за овој Закон, дали тие имаат некаква корист од него и колку се корисниците на спонзорства и донации задоволни од овој закон.

 

Click