Активности



Вторник, 2 ноември 2010 година

Надзорна расправа на тема „Имплементација на законската регулатива од областа на правата на детето и Конвенцијата на правата на детето“

Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Македонија, на денешната Педесет и петтата седница, одржа надзорна расправа на тема „Имплементација на законската регулатива од областа на правата на детето и Конвенцијата на правата на детето“.

Покрај претседателот на Комисијата, г. Илија Китаноски, присуствуваа и членовите: г-ѓа Светлана Јакимовска, г-ѓа Нада Станчевска, г-ѓа Дарка Петрушевска, г-ѓа Весна Бендевска, г. Никола Котевски, г-ѓа Виолета Ташева и г-ца Марија Рашковска, воедно беа поканети и потпретседателите на Собранието на Република Македонија и координаторите на пратеничките групи, пратеници од Собранието на Република Македонија и претставниците од невладиниот сектор со чија несебична подршка е реализирана денешнава надзорна расправа.

Целта на оваа надзорна расправа е надзор на имплементацијата на законската регулатива во насока на правата на детето, а од областа на здравството, образованието, трудот и социјалната политика и правда и надзор на имплементацијата на Конвенцијата на правата на детето.

Воведно излагање на седницата имаше претседателот на комисијата, г. Илија Китаноски, кој истакна дека денешната надзорна расправа предвидува испрашување на овластените претставници.

Надзорната расправа беше отворена со обраќање на министерот за правда, г. Михајло Маневски, а свои излагања имаа и: министерот за образование и наука, г. Никола Тодоров; министерот за труд и социјална политика, г. Џелал Бајрами; министерот за здравство, г Бујар Османи; заменикот народен правобранител, г-ѓа Невенка Крушаровска; претставникот на УНИЦЕФ,  г. Шелдон Јет; претставникот на Меѓаши, г. Драги Змијанац; претставникот на СЕГА, г.  Зоран Илиески, како и професорот Гордан Калајџиев, кои дадоа свои коментари и одговори до членовите на Комисијата.

Комисијата за труд и социјална политика и понатаму ќе ги разгледува материјалите и исказите на учесниците и остави одреден временски период во кој ќе се подготват заклучоците и истите ќе се стават на гласање на некоја од наредните седници.

Click