Активности



Петок, 22 октомври 2010 година

Педесетта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на Педесеттата седница одржана денеска, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини (второ читање).

Врз основа на одржаната расправа, Комисијата за економски прашања го поднесе следниот Извештај:

Согласно рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, беа поднесени 15 амандмани од овластени предлагачи. 9 амандани беа усвоени, од кои 2 со видоизменет текст, 2 амандмани беа одбиени и 4 беа повлечени.

Click