Активности



Петок, 5 февруари 2010 година, Мадрид

Учество на претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Петар Поп Арсов на КОСАК 

Во рамките на Конференцијата на претседателите на комисиите за европски прашања, КОСАК на земјите-членки на ЕУ, што се одржува денес во Мадрид, а на која учествува и претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Петар Поп-Арсов, се расправаше за приоритетите на шпанското претседавање со Европската унија, кои ги претстави министерот за надворешни работи на Кралството Шпанија, г. Мигуел Ангел Моратинос.

Исто така, на Конференцијата стана збор и за економската криза во Европската унија, како и за новините што ги донесе Лисабонскиот договор, од аспект на неговата примена во практиката на државите-членки на ЕУ. Притоа беа покренати повеќе прашања во врска со потребните мерки кои треба да се преземат за негова примена во праксата, имајќи ги предвид различните практитки на парламентите на државите во ЕУ.

Во расправата стана збор и за значењето на регионалната соработка за земјите од Западен Балкан од аспект на нивните евроинтегративни процеси. Во тој контекст беше поздравена последната Конференција на земјите-учеснички во Процесот за стабилизација и асоцијација од Југоисточна Европа, КОСАП, што се одржа во ноември минатата година во Белград, а на која беа разменети мислења и искуства за евроинтегративниот процес на земјите од регионот.

Притоа, во врска со барањето за присуство во иднина на КОСАК конференциите на земјите-учеснички во Процесот за стабилизација и асоцијација од Југоисточна Европа, се истакнаа позитивните ефекти од регионалната соработка за државите од регионот, а согласно правилата за работа на оваа Конференција ќе учествуваат само кога на дневен ред ќе бидат прашања од интерес на државите од овој регион.

 

Click