Активности



Четврток, 23 септември 2010 година

Петнаесетта седница на Буџетскиот совет

Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија, на Петнаесеттата седница одржана денеска, ја разгледа Информацијата за состојбата на средства во Буџетот на Собранието на Република Македонија за 2010 година и настанатите, а неплатени обврски на Собранието на Република Македонија од 1.1.2010 – 21.9.2010 година и врз основа на расправата едногласно заклучи:

  • Информацијата за состојбата на средства во Буџетот на Собранието на Република Македонија за 2010 година и настанатите, а неплатени обврски на Собранието на Република Македонија за периодот од 1.1.2010 година до 21.9.2010 година ја прикажува реалната состојба на средства во Разделот 02001- Собрание на Република Македонија  во Буџетот на Република Македонија за 2010 година и на преземените, а неплатени обврски на Собранието во периодот од 1.1.2010 година до 21.9. 2010 година.
  • Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија утврди дека заклучно со 21 септември 2010 година Собранието на Република Македонија има преземено обврски кои не се исплатени. Динамиката на реализација на обврските во последниот период е зголемена, а имајќи предвид дека до крајот на годината ќе настанат и нови обврски, Собранието на Република Македонија со средствата одобрени со Буџетот на Република Македонија за 2010 година нема да може да ги исплати сите настанати обврски во 2010 година.
  • Пратениците Крсто Мукоски и Марјанчо Николов се определуваат за претставници на Буџетскиот совет кои ќе одржат средба со одговорните лица во Министерството за финансии на која ќе ги образложат реалните потреби од средства на Собранието на Република Македонија во 2010 година.
  • Овие заклучоци да се достават до претседателот на Собранието на Република Македонија, до генералниот секретар на Собранието на Република Македонија и до Mинистерството за финансии - министерот за финансии.
Click