Активности



Петок, 29 октомври 2010 година 

Посета на Државниот завод за статистика 

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија на 27.10.2010 (среда) го посети Државниот завод за статистика.

Иницијативата произлезе од текот на дискусијата на Јавната расправа по Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија за 2011 година и беше со цел за подобро запознавање на работата на Државниот завод за статистика, а пред второто читање на Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија за 2011 година.

Во групата која го посети Државниот завод за статистика, покрај пратениците, кои се членови на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, беа и пратеници кои се претставници на помалите етнички заедници и други пратеници претставници на политичките партии во Собранието на Република Македонија.

При посетата, пратениците имаа увид и беа запознаени со пописниот процес и со подготвеноста на Државниот завод за статистика преку презентација на методологијата и начинот на извршување на претстојниот попис.

Click