Активности

Среда, 10 март 2010 година

Средба на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Словенија со претседателот на Државниот Збор на Република Словенија

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Словенија, г. Јован Лазарев, заедно со членовите г-ѓа Светлана Јакимовска, г-ѓа Соња Цветковска, г-ѓа Косана Николиќ Мазнева, г-ѓа Маринела Тушева, г. Марјанчо Николов и г. Тахир Хани остварија средба со Делегација на Република Словенија, предводена од претседателот на Државниот Збор на Република Словенија, Н.Е. д-р Павел Гантар.

Господинот Јован Лазарев истакна дека Словенија е важен поддржувач на Република Македонија на патот кон евроинтеграциите и изрази благодарност за досегашната соработка.

Делегацијата на Република Словенија се сложи дека односите меѓу двете земји се одлични, даде поддршка за Република Македонија на патот кон ЕУ и НАТО, но потенцираше и дека европската интеграција на регионот е неминовен и значаен процес.

Гостите нагласија дека со задовоство го проследиле позитивниот Извештај на Европската комисија за Република Македонија, изготвен токму од нивниот европратеник, г.Зоран Талер, како и визната либерализација која ја доби нашата земја.

На крајот од средбата, двете страни изразија надеж дека во иднина ќе се интензивира соработката на сите нивоа.
Click