Активности



Петок, 19 февруари 2010 година

Препораки Мпк рм-еу - Продолжување со реформите и напредокот во политичкиот дијалог

На Седмиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европската унија, кој се одржа на 18 и 19 февруари 2010 година, во Собранието на Република Македонија учествува пратениците од Делегацијата на Собранието на Република Македонија и европратениците во Делегацијата на Европскиот парламент во комитетот, а свои обраќања имаа и г. Васко Наумовски, вице-премиер задолжен за европски прашања, г. Антонио Милошоски, министер за надворешни работи на Република Македонија, во име на Владата на Република Македонија, Н.Е. г. Ерван Фуере, специјален претставник на Европската унија и шеф на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија, во име на Европската унија и г-ѓа Александра Кас Грање, директор на Генералниот директорат Б за проширување, во име на Европската комисија.

За време на состанокот беа разгледани повеќе прашања во врска со односите на Република Македонија и Европска унија и во однос на спроведувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација, а особено во однос на состојбата во судството и функционирањето на јавната администрација, односите меѓу заедниците во Република Македонија, состојбата на полето на економијата и направените реформи од страна на Владата за преземање на обврските за членство во ЕУ, политиките во областа на животната средина и во транспортната инфраструктура, вклучувајќи ги и аспектите на прекуграничната соработка и управувањето со фондовите на ЕУ, со посебен осврт на Инструментот за претпристапна помош (ИПА).

Во усвоените Препораки упатени до институциите на Република Македонија и на Европската унија, се поздравува фактот што политичките партии во Република Македонија, во мнозинство и во опозиција, со широка поддршка на јавното мислење, се обединети во нивната цел за да ја приближат земјата кон членство во ЕУ и се истакнува дека приемот во Европската унија се заснова врз исполнување на критериумите од Копенхаген и принципот на фер условеност. Во тој контекст, парламентарците го повикаа Советот, по Заклучоците од 7 декември 2009 година, повторно да го „разгледа прашањето“ за отпочнување на преговори за членство што е можно поскоро и да одлучи за датум за почеток на пристапните преговори. Исто така, беше забележан напредокот постигнат во процесот на децентрализација, во реформите на јавната администрација, судството и анти-корупциската политика, исполнувањето на економските критериуми, законодавството кои се однесува на животната средина и во воспоставувањето на соодветните стуктури за децентрализирано управување со фондовите од Инструментот за претпристапна помош (ИПА).

На македонските институции им се препорача да продолжат со реформите и напредокот во политичкиот дијалог, спроведувањето на Охридскиот рамковен договор, особено во насока на целосна еднаквост на сите етнички заедници во земјата, понатамошно зајакнување на независноста и непристрасноста на судството, намалување на невработеноста, зајакнување на административните капацитети во транспортот и инфраструктурата и ригорозно управување со финансиските средства од Инструментот ИПА. 

усвоени препораки

Click