Активности



Понеделник, 30 август 2010 година

Презентирана новата веб-страница на Вестминстер фондацијата за демократија

Вестминстер фондацијата за демократија, преку проектот за јакнење на капацитетите на Собранието на Република Македонија, денеска (во Собранието на Република Македонија) ја презентираше својата нова веб-страница - http://www.parliamentarycentre.mk/mk/. Овој проект е поддржан од страна на Британската амбасада во Република Македонија.

Веб-страницата е тројазична и има за цел да ја промовира програмата за обуки на Фондацијата, работа со Собранието, програмските партнери кои работат со Вестминстер фондацијата за фемократија и Собранието, редовно да ги објавува планираните настани, обуки и активности со Собранието.

Воедно, редовно ќе се објавуваат статии и написи од пратеници, амбасадори, програмски партнери, граѓански организации, медиуми, за теми поврзани со развојот на Собранието.

Веб-страницата е замислена да претставува еден вид на симболички виртуелен центар за парламентарни студии, кој ќе допринесе за зголемување на општата дебата за парламентарниот развој во Република Македонија и промоција на програмата на Вестминстер фондацијата за демократија.

Од страна од Фондацијата, со поддршка и во партнерство со Британската амбасада во Скопје, оформен е и Македонскиот центар за парламентарни студии, кој има за цел да му помогне на Собранието на Република Македонија да создаде сопствен одржлив центар за учење на службениците и пратениците. Центарот вклучува врвни експерти во парламентарна пракса, финансискиот надзор и комуникации.

Цели на центарот се:

  • Да го поддржува Собранието во развојот на комисии кои добро функционираат, кои се ефективни и ефикасни во донесувањето закони и спроведувањето на парламентарниот надзор;
  • Да се поддржи Комисијата за финансирање и буџет и нејзините членови и персонал при процесирањето на извештаите од државниот завод за ревизија и одржувањето на надзор на владата;
  • Да се поддржи Собранието во подоброто комуницирање со граѓаните за неговата работа и да им се помогне на парламентарните новинари подобро да известуваат за парламентарните работи;
  • Да се поддржи Собранието подобро да го разгледува владеењето на правото, меѓународните конвенции и човековите права во законодавството и при надзорните функции;

Центарот има развиено наставен план и програми за обука, базирани на најдобри меѓународни практики. Работењето со македонски партнери осигурува дека содржината на наставниот план е релевантна за локалните околности, се пренесува во формат и пристап кој му одговара на Собранието и користи македонски и меѓународни примери и студии на случаи.

Македонските партнери на центарот се познати универзитети, институции за учење и невладини организации, кои ги имаат потребните вештини и стручна експертиза.

Click