Активности



Понеделник, 4 октомври 2010 година

Работна средба на Клубот на пратенички со г-ѓа Алида М. Блек

Клубот на жени во Собранието на Република Македонија денеска оствари работна средба со г-ѓа Алида М. Блек, професор по историја и меѓународни односи на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“ - САД.

На средбата, покрај коoрдинаторката, г-ѓа Катерина Димеска и членките на претседателството на Клубот на пратенички г-ѓа Славица Грковска-Лошкова и г-ѓа Зумрете Јакупи, присуствуваа и г-ѓа Силвана Бонева, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, г-ѓа Цветанка Иванова, координатор на пратеничка група на СДСМ, г-ѓа Ангела Агелер, советник за односи со јавност во Американската амбасада во Република Македонија, г-ѓа Рената Трајковска-Бубевска, програм-асистент во Американската амбасада во Република Македонија, г-ѓа Даниела Димитриевска, директор на Македонското женско лоби, членови на Клубот на пратенички, пратеници на Собранието на Република Македонија, како и претставници на медиумите.

Воведно излагање имаше координаторката, г-ѓа Катерина Димеска, која ги запозна присутните со составот, активностите и позначајните достигнувања на Клубот на пратенички, истакнувајќи ја заедничката и единствена цел на клубот на пратенички - преку законски решенија да се постигне родова еднаквост и унапредување на правата на жените, нивно активно вклучување во процесот на одлучување на државата, како и зајакнување и ширење на демократијата во сите сфери на македонското општество.

Г-ѓа Алида М. Блек, професор по историја и меѓународни односи на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“ - САД во своето излагање искрено се заблагодари за поканата, споделувајќи ги своите досегашни искуства пред присутните и воедно посочи дека и понатаму „треба да се борите да создавате стуктури и да ги имплементирате законите”.

Во текот на работната средба, земаа учество и г-ѓа Даниела Димитриевска, г-ѓа Ангела Агелер, г-ѓа Силвана Бонева, г-ѓа Лилјана Поповска, г-ѓа Славица Грковска-Лошкова и г-ѓа Зумрете Јакупи.

Целта на оваа работна средба беше можност за размена на искуства, развивање на дискусија и создавање на една плодна соработка како денеска така и во иднина. 

Click