Активности

Вторник, 18 мај 2010 година, Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство

Разгледан Предлог-законот за изменување на Законот за водите

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 36. Седница, одржана на 18 мај 2010 година, како матично работно тело, во второ читање го разгледа Предлогот на закон за изменување на Законот за водите.

Претседателот на Комисијата, г. Никола Ќуркчиев, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија за доставување на амандмани, нема доставено амандмани од овластени предлгачи.

Пратеникот Јован Лазарев предложи Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство да поднесе амандман за менување на зборовите „1 јануари 2011 година“ со зборовите „1 јануари 2012“ од член 1 на Предлог на законот за изменување на Законот за водите. 

Комисијата со 1 глас „за“ и 6 „против“ не го усвои овој предлог.

Пратеникот Марјанчо Николов предложи Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство да поднесе амандман за менување на зборовите „1 јануари 2011 година“ со зборовите „1 септември 2010“ од член 1 на Предлог на законот за изменување на Законот за водите. 

Комисијата со 2 гласа „за“ и 8 „против“ не го усвои овој предлог.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство го проследува Предлогот на закон за изменување на Законот за водите на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.
Click