Активности



Петок, 25 јуни 2010 година

Шеесет и седма седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на Шеесет и седмата седница одржана на 24 јуни 2010 година, како матично работно тело ги разгледа aмандманот на член 2 за додавање на нов став (7) по ставот (6); Амандманот на член 2 за додавање на нов став (8) по ставот (7); Амандманот на член 4 ставови (1), (2) и (3); Амандманот на член 5 ставови (1), (2) и (3); Амандманот на член 6 во новиот член 59-а став (1); Амандманот на член 6 во новиот член 59-б ставови (1), (2) и (3) и Амандманот на член 7 ставови (1), (2) и (3) по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност поднесени од пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз.

Комисијата го разгледа амандманот на член 2 за додавање на нов став (7) по ставот (6).
Амандманот го образложи пратеникот Миле Андонов, при што  укажа дека во многу случаи даночните обврзници не по своја вина, т.е. за ненавремено дистрибуирање на даночните пријави од страна на надлежниот даночен орган или во денови на државни празници и неработни денови се случува да закаснат со ден-два или повеќе и за тоа се изложуваат на високи административни казни и глоби. Исто така и за мали износи во даночната евиденција и пријава постои основ за високи казни и глоби.

Претставникот на Владата не се согласи со поднесениот Амандман.
Во расправата учествуваше пратеникот Миле Андонов.

Со два гласа „за“, седум гласа „против“ и еден глас „воздржан“ Комисијата не го усвои Амандманот.

Комисијата го разгледа амандманот  на член 2 за додавање на нов став (8) по ставот (7).
Амандманот го образложи пратеникот Миле Андонов, при што  истакна дека истиот се предлага за да се скрати непотребното трошење во работењето на фирмите.

Претставникот на Владата не се согласи со поднесениот Амандман.
Во расправата учествуваа пратениците Миле Андонов, Јован Манасијевски и Марјанчо Николов.

Беше укажано дека со решението од членот 41 став (7) се создава непотребно дополнително администрирање затоа што УЈП има други инструменти со кои може да ја исполни целта и функцијата на оваа одредба. Од заменикот на министерот за финансии беше побарано да ја информира Комисијата кои се ефектите од оваа мерка.

Одговорот на заменикот на министерот за финансии беше дека тој не е во состојба да даде податоци за ефектите бидејќи ова прашање е во надлежност на УЈП во секторот за внатрешна контрола. Меѓутоа тој се согласи дека Министерството за финансии во еден разумен период ќе достави до Комисијата за финансирање и буџет Информација со некои основни показатели како во УЈП се проценува примената на решението за доставување на банкарските извештаи од денарските трансакциски сметки и од девизните сметки преку кои даночниот обврзник регистриран за цели на ДДВ го остварува своето работење.

Со три гласа „за“ и седум гласа „против“ Комисијата не го усвои Амандманот.

Комисијата го разгледа амандманот  на член 4  ставови (1), (2) и (3).
Амандманот го образложи пратеникот Миле Андонов, при што  укажа дека со предложеното решение се очекува на даночните обврзници да им се намалат трошоците за администрирање (сметководство и сл.), како и да се изедначат со прагот на фирмите кои плаќаат данок на добивка на вкупен приход кој исто така изнесува 3.000.000 денари.

Претставникот на Владата не се согласи со поднесениот Амандман.

Со три гласа „за“ и шест гласа „против“ Комисијата не го усвои Амандманот.

Комисијата го разгледа амандманот  на член 5 ставови (1), (2) и (3).

Амандманот го образложи пратеникот Марјанчо Николов, при што  истакна дека истиот се предлага со цел подобрување на бизнис климата и унапредување на казнената политика во Република Македонија со што се врши намалување и рангирање на прекршоците.

Претставникот на Владата не се согласи со поднесениот Амандман.

Во расправата учествуваше пратеникот Марјанчо Николов.

Со три гласа „за“, пет гласа „против“ и еден глас „воздржан“ Комисијата не го усвои Амандманот.

Комисијата го разгледа амандманот  на член 6 во новиот член 59-а став (1).

Амандманот го образложи пратеникот Марјанчо Николов, при што  истакна дека истиот се предлага со цел подобрување на бизнис климата и унапредување на казнената политика во Република Македонија со што се врши намалување и рангирање на прекршоците.

Претставникот на Владата не се согласи со поднесениот Амандман.

Со три гласа „за“ пет гласа „против“ и еден глас „воздржан“ Комисијата не го усвои Амандманот.
Комисијата го разгледа амандманот  на член 6 во новиот член 59-б ставови  (1), (2) и (3).

Амандманот го образложи пратеникот Миле Андонов, при што  истакна дека истиот се предлага со цел подобрување на бизнис климата и унапредување на казнената политика во Република Македонија со што се врши намалување и рангирање на прекршоците.

Претставникот на Владата не се согласи со поднесениот Амандман.

Со три гласа „за“ четири гласа „против“ и еден глас „воздржан“ Комисијата не го усвои Амандманот.

Комисијата го разгледа амандманот  на член 7 ставови  (1), (2) и (3).

Амандманот го образложи пратеникот Марјанчо Николов, при што  истакна дека истиот се предлага со цел подобрување на бизнис климата и унапредување на казнената политика во Република Македонија со што се врши намалување и рангирање на прекршоците.

Претставникот на Владата не се согласи со поднесениот Амандман.

Со три гласа „за“ пет гласа „против“ и еден глас „воздржан“ Комисијата не го усвои Амандманот.

Комисијата со шест гласа „за“ и три гласа „против“ заклучи дека согласно Деловникот на Собранието на Република Македонија не се исполнети условите за подготовка на Дополнет предлог на закон  за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и му предлага на Собранието на Република Македонија да го разгледа и донесе законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност.

Click