Активности



Среда, 20 октомври 2010 година

Шеесетта седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, на својата вчерашна седница, ја разгледа Информацијата за реализираните активности од Националната програма за усвојување на правото на Европската унија - ревизија 2010, за периодот 1.7.2010 - 30.9.2010.

Информацијата беше образложена од страна на вицепремиерот задолжен за европски прашања во Владата на Република Македонија, г. Васко Наумовски.

Во расправата учествуваа пратениците: г. Петар Поп-Арсов, г. Миле Пачемски, г. Васко Шутаров, г-ца Христина Рунчева, г-ѓа Ермира Мехмети, г. Игор Ивановски, г-ѓа Славица Грковска-Лошкова, г-ѓа Флора Кадриу и г. Андреј Жерновски.

Комисијата, на предлог на претседателот на Комисијата и врз основа на расправата, го прифати следниот заклучок:

  • Комисијата за европски прашања ја разгледа и ја прифати Информацијата за реализираните активности од Националната програма за усвојување на правото на Европската унија - ревизија 2010 година за периодот 1 јули 2010  - 30 септември 2010 година.
Click