Активности



Четврток, 16 декември 2010 година

Средба на претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Руската федерација, г. Љубисав Иванов Ѕинго, со претседателот на Комисијата за меѓународни работи, г. Константин Косачев

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Руската Федерација, г. Љубисав Иванов Ѕинго, оствари средба со делегација на Државната дума на Руската Федерација, предводена од претседателот на Комисијата за меѓународни работи, г. Константин Косачев.

На средбата беа присутни и членовите на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Руската Федерација г.Иван Стоилковиќ, г. Никола Котевски и г-ѓа Цветанка Иванова.

Во своето воведно излагање претседателот, г. Љубисав Иванов Ѕинго упати поздрав до делегацијата на Државната дума на Руската Федерација, заблагодарувајќи се за поддршката што ѝ ја дава Русија на Македонија, имајќи ја предвид значајната улога која ја има таа на меѓународната сцена.

Претседателот г. Љубисав Иванов Ѕинго ги изнесе своите гледишта и забелешки во однос на економските прашања помеѓу двете држави, посочувајќи дека овој вид на соработка треба да се интензивира и продлабочи во иднина, особено во делот на текстилната индустрија каде Македонија има високи достигнувања, воедно да се вратат и позициите на градежната индустрија во Руската Федерација, апелирајќи притоа да биде прифатен предлогот за протокол помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за зголемување на трговијата во согласност  со меморандумот за либерализација на трговија помеѓу двете држави.

Претседателот на Комисијата за меѓународни работи на државната Дума на Руската Федерација, г. Константин Косачев, истакна дека ќе ги земе предвид сите изнесени забелешки кои беа укажани на средбата, воедно и дека лично ќе се заложи да помогне за нивна примена.

Click