Активности



Среда, 10 март 2010 година

Средба на претседателот на комисијата за европски прашања, г. Петар Поп Арсов и заменик-претседателот на комисијата за надворешна политика, г. Васко Шутаров, со претседателот на Државниот Збор на Република Словенија, д-р Павел Гантар

Претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Петар Поп Арсов и заменик-претседателот на Комисијата за надворешна политика, г. Васко Шутаров, остварија средба со претседателот на Државниот Збор на Република Словенија, Н.Е. д-р Павел Гантар. Воедно во составот на Делегацијата на Република Словенија беа и шефот на Пратеничката група, г. Јошко Годец, потпретседателот на Комисијата за прашања со Европската унија , г. Богдан Баровиќ и амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, г. Алан Брајан Бергант.

Меѓу присутните беа и членовите на Комисијата за европски прашања и Комисијата за надворешна политика, г-ѓа Лилјана Поповска, г. Александар Спасеновски, г-ѓа Владанка Авировиќ, г. Миле Пачемски, г. Панче Дамески, г. Хајрула Мисини, г-ѓа Славица Грковска Лошкова, г. Андреј Жерновски, г-ца Христина Рунчева и г. Назиф Буши.

Претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Петар Поп Арсов и заменик-претседателот на Комисијата за надворешна политика, г. Васко Шутаров, ги запознаа гостите со работата и активностите на двете комисии.

Воедно, тие се заблагодарија за несебичната поддршка која Република Словенија ѝ ја дава на Република Македонија во процесот на евроинтеграции преку влијанието на европратениците, г. Зоран Талер и г-ѓа Тања Фајон.

Претседателот на Државниот Збор на Република Словенија, д-р Павел Гантар, ја посочи сериозноста која Република Македонија ја покажа на патот кон ЕУ и НАТО и очекува за време на шпанското претседателстово со ЕУ да добие датум за преговори.

 

Click