Активности



Вторник, 25 мај 2010 година

Средба на потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Рафис Аљити со делегација на Комисијата за надворешна политика на Сенатот на Романија

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Рафис Аљити денеска имаше средба со делегација на Комисијата за надворешна политика на Сенатот на Романија предводена од претседателот на комисијата, г. Титус Корлацеан.

На средбата се разговараше за заемниот интерес на соработка на економски план помеѓу двете држави и за размена на искуства и продлабочување на економската соработка. Искуствата на Романија, како држава-членка на Европската унија и на НАТО се од голема корист за Република Македонија и соработката на многу полиња треба да продолжи.

Романија ја поддржува Република Македонија на нејзиниот пат за влез во Европската унија и во НАТО и таа е на мислење дека проблемот со името што Република Македонија го има со Република Грција треба да се тргне на страна од главната активност, влез на Република Македонија во Европската унија.

На средбата се истакна дека спорот со името е вештачки инициран од страна на Република Грција и за него треба да се најде решение. Грција, како дел од НАТО и Европската унија е внатре, а Република Македонија е надвор и треба да биде позаинтересирана за да стане дел од Европската унија и од НАТО, беше речено на средбата. Сите сондажи во Република Македонија покажуваат дека обичните граѓани даваат огромна поддршка за влез на Република Македонија во ЕУ и во НАТО. Република Македонија има расположение да се реши спорот со името, но спорен е идентитетот и јазикот.

На средбата се истакна дека за целиот Балкан е многу битно решавањето на овој проблем и дека влезот на Република Македонија во Европската унија и во НАТО е битен за стабилноста на самиот Балкан. Романија, како држава-членка на Европската унија и на НАТО и стои на располагање на Република Македонија со сите алатки што ги поседува.

Click