Активности

 Вторник, 2 март 2010 година

Средба на потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули, со делегација на Комисијата за надворешни работи на Долниот дом на Парламентот на Република Италија

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули, денеска се сретна со делегација на Комисијата за надворешни работи на Долниот дом на Парламентот на Република Италија.

На средбата присуствуваше и пратеникот, г-ѓа Владанка Авировиќ, претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Италија.

Делегацијата на Комисијата за надворешни работи на Долниот дом на Парламентот на Република Италија беше предводена од претседателот на комисијата, г. Стефано Стефани и членовите г. Роберто Антонионе, г. Пјеро Фасино, г. Џенаро Малџери, г. Франческо Темпестини и г. Марио ди Наполи. Исто така, на средбата присуствуваше и Н.Е. г. Донатино Маркон, амбасадор на Република Италија во Република Македонија.

На средбата беше истакнато дека за промоција на Република Македонија во очите на Европа се многу полезни меѓупарламентарните средби и дека улогата и на еден парламентарец од Италија е многу значајна на патот на Република Македонија кон евроинтеграциите.

Гостите се интересираа за конкретни прашања, колку големо влијание имала светската економска криза врз Република Македонија и каков е трговскиот однос помеѓу Република Италија и Република Македонија и во кои сектори тој може да се зголеми.

Беше истакнато дека Република Македонија изобилува со бел мермер во Прилеп и дека Република Италија многу години била увозник на белиот мермер, а сега тоа место го зазема Република Грција.

Исто така, беше кажано дека Република Италија има најдобра технологија во светот и штета е да не се изврши влез на италијанската технологија во Република Македонија.

Click