Активности

Петок, 19 февруари 2010 година

 Средба на Флора Кадриу со делегација на Комисијата за надворешна политика во Европскиот парламент (АФЕТ)
 
Координаторот на пратеничката група на Нова демократија, г-ѓа Флора Кадриу денеска имаше средба со делегација на Комисијата за надворешна политика во Европскиот парламент.

На средбата делегацијата беше запозната со ставовите на Нова демократија во врска со евроатлантските структури, при што беше истакнато дека над 99% од албанското население е за евроинтеграции, затоа што е потребна размена на културни вредности, на етнички вредности, а тоа се може да се постигне со влегување на Република Македонија во Европска унија.

Исто така беше истакнато дека Нова демократија се залага за добивање можност за Република Македонија да стане членка на Европската унија и на НАТО.

 

Click