Активности



Четврток, 7 октомври 2010 година 

Средба на г-ѓа Светлана Јакимовска, потпретседател на Собранието на Република Македонија, со претставници од Сојузот за грижа на деца на Република Македонија 

По повод Неделата на детето, потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска, оствари средба со претставници од Сојузот за грижа на деца на Република Македонија, деца од Здружението на граѓани Сумнал и деца од детската градинка „Орце Николов“.

Детската недела се одбележува во сите земји-членки на Обединетите нации во првата полна недела од октомври. Конвенцијата за правата на детето, како значаен документ со кој се утврдуваат основните стандарди и минимални услови во поглед на заштитата на детето, е усвоена на 20 ноември 1989 година од страна на Организацијата на обединетите нации.

Децата на средбата се интересираа за улогата на Собранието на Република Македонија во државата, за потребното образование да се стигне до пратеничките клупи и воедно го поканија потпретседателот на Собранието да ги посети.

Претставникот на Сојузот за грижа на деца на Република Македонија ѝ додели на г-ѓа Светлана Јакимовска, потпретседател на Собранието на Република Македонија, плакета со која таа станува почесен член на сојузот.

Click