Активности



Понеделник, 5 јули 2010 година

Пратеникот Илија Димовски се сретна со г. Антонио Крстиќевиќ

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентот на Австралија, г. Илија Димовски, денеска имаше средба со г. Антонио Крстиќевиќ, пратеник на владејачката партија во Западна Австралија. На средбата присуствуваше и г. Владимир Ѓорчев, член на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Австралија.

На средбата се истакна дека во изминатите неколку години е интензивирана парламентарната соработка со Австралија, остварени се неколку посети во Западна Австралија, Јужна Австралија и Викторија и дека се зајакнати контактите што е позитивен тренд кој треба да се поддржи.

Пратеникот на владејачката партија во Западна Австралија, г. Крстиќевиќ, истакна дека со интензивирање на парламентарната и владина соработка на двете држави ќе се отвори поголема можност за зајакнување на економската соработка, како и на планот на инвестициите меѓу двете држави.

 

Click