Активности



Понеделник, 1 ноември 2010 година

Средба на Клубот на пратенички со европратеничка од Словачка

Клубот на жени пратенички во Собранието на Република Македонија оствари работна средба со г-ѓа Ана Заброска, пратеник во Европскиот парламент од Словачка и член на Комисијата за правата на жените и половата еднаквост во Европскиот парламент.

На средбата, покрај коoрдинаторката, г-ѓа Катерина Димеска и членките на претседателството на Клубот на пратенички: г-ѓа Славица Грковска-Лошкова, г-ѓа Зумрете Јакупи и г-ѓа Соња Мираковска, присуствуваа и потпретседателите на Собранието на Република Македонија г. Рафиз Аљити и г-ѓа Светлана Јакимовска, потоа г-ѓа Силвана Бонева, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, г-ѓа Цветанка Иванова, координатор на пратеничка група на СДСМ, г-ѓа Лилјана Поповска, претседател на Комисија за еднакви можности на жените и мажите, г. Владимир Ѓорчев, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност, г. Александар Спасеновски, претседател на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија, г-ѓа Даниела Димитриевска, директор на Македонското женско лоби, членови на Клубот на пратенички, пратеници на Собранието на Република Македонија, како и претставници на медиумите.

Со воведно излагање работната средба ја отвори координаторката, г-ѓа Катерина Димеска, која ги запозна присутните со составот, активностите и позначајните достигнувања на Клубот на пратенички, истакнувајќи ја заедничката и единствена цел на Клубот на пратенички - преку законски решенија да се постигне родова еднаквост и унапредување на правата на жените, нивно активно вклучување во процесот на одлучување на државата, како и зајакнување и ширење на демократијата во сите сфери на македонското општество, потенцирајќи го принципот на консензус врз кој работи и одлучува Клубот на пратенички.

Госпоѓа Ана Заброска, пратеник во Европскиот парламент од Словачка и член на Комисијата за правата на жените и половата еднаквост во Европскиот парламент се заблагодари за поканата што за прв пат е во Република Македонија и за можноста да ги пренесе своите лични ставови и искуства  во однос на прашањата за родова еднаквост и унапредување на правата на жените, ставот во однос на бракот како институција, легализација на проституцијата, лесните дроги, колку треба да е квотата за родова рамноправност и како тие се справуваат со неа.

Присутните истакнаа дека оваа средба беше можност за размена на искуства и продлабочување на соработката и дека ваков тип на коалиции на интернационални женски здруженија се од особена важност и ја олеснуваат борбата на националното ниво за правата на жените. Секако, за остварување на тоа, потребна е и поддршка од машкиот пол.

Click