Активности



Четврток, 18 февруари 2010 година
 
Средба на Комисијата за надворешна политика и Комисијата за европски прашања со делегација на Комисијата за надворешна политика во Европскиот парламент

 Комисијата за надворешна политика и Комисијата за европски прашања денеска имаа средба со делегација на Комисијата за надворешна политика во Европскиот парламент, која престојува во Република Македонија на покана на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија.

Претседателот на Комисијата за надворешна политика, г-ѓа Теута Арифи истакна дека оваа средба е добредојдена за да се слушнат различни мислења и дека е важно да се слушне и размислувањето на делегацијата и да се почувствува нивниот контролиран оптимизам.

Претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Петар Поп Арсов се заблагодари на континуираната поддршка што АФЕТ ја дава на Република Македонија и истакна дека Европскиот парламент е една институција која е чекор напред за состојбите во Република Македонија и дека Република Македонија ќе го искористи овој период на шпанското претседателствување за да добие датум за отпочнување на преговори за членство во Европската унија.

Шефот на делегацијата, г. Алојз Петерле упати честитки за прогресот на Република Македонија, кој беше поздравен и од Европскиот парламент и истакна дека тие не дојдоа во Република Македонија како поддржувачи на една или на друга страна, туку дека се поддржувачи на целиот процес.

Click