Активности

Четврток, 11 март 2010 година

Средба на координаторите на Пратеничките групи во Собранието на Република Македонија со Делегација од Република Словенија

Координаторите на Пратеничките групи во Собранието на Република Македонија, г-ѓа Силвана Бонева, г-ѓа Цветанка Иванова, г.Тахир Хани, г. Абедин Зумбери и г. Стојан Андов, остварија средба со Делегација од Република Словенија, предводена од претседателот на Државниот Збор на Република Словенија, г. Павел Гантар.

Во составот на Делегацијата на Република Словенија беа шефот на Пратеничката група, г. Јошко Годец, потпретседателот на Комисијата за прашања со Европската унија, г. Богдан Баровиќ, како и амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, г. Алан Брајан Бергант. 

Координаторите  на Пратеничките групи изразија благодарност за поддршката која нашата земја ја добива од Република Словенија на патот кон членство во ЕУ и НАТО, за добиениот позитивен Извештај, благодарение на напорите на словенечките европратеници г. Зоран Талер и г-ѓа Тања Фајон.

На средбата стана збор за проблемите со кои се соочува Република Македонија, односно спорот за името со Република Грција и начинот на кој би можел истиот да се реши.

Господин Гантар истакна дека загрижува развлекувањето на процесот на евроинтегрирање, не само на Република Македонија, туку и на регионот, бидејќи создава безбедносни ризици и потенцираше дека Европската унија треба да биде заинтересирана за вклучувањето на овие земји во европското семејство.

Гостите советуваа да се искористи периодот на шпанското претседателство со Европската унија, да се преговара со Република Грција, да се покаже дека навистина се сака да се реши спорот.


Click