Активности



Понеделник, 1 март 2010 година

Средба на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска со Делегација од Република Хрватска

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска, г-ѓа Благородна Дулиќ и и членовите г-ѓа Надица Танчева-Тулиева, г. Панче Дамески и г. Васко Шутаров денеска остварија средба со делегација од Република Хрватска по повод одржувањето на Годинешното собрание на Заедницата на Хрватите во Република Македонија.

Во составот на Хрватската делегација беа г-ѓа Иванка Роксандиќ – пратеник во Хрватскиот парламент, г. Иван Кујунџиќ – амбасадор на Република Хрватска во Република Македонија, г. Стјепан Глас – советник во Амбасадата, г-ѓа Снежана Тројачанец - претседател на Заедницата на Хрватите во Република Македонија, г. Петар Баришиќ – началник во Министерството за надворешни работи на Хрватска, г. Милан Бошњак од Министерството за образование и култура на Република Хрватска и г. Мишо Хеп, претседател на Хрватите во Унгарија.

На средбата беше истакнато дека Заедницата на Хрватите во Република Македонија е целосно прифатена и дека се почитува секоја различност, на полето на културата, јазикот и сл.

Република Хрватска беше посочена како пример за тоа како државата треба да се бори за правата на малцинствата.

Беше потенцирано дека врските меѓу македонскиот и хрватскиот народ секогаш биле на високо ниво и дека меѓу двете држави не постојат спорни прашања. 

Гостите искажаа благодарност за правата на Хрватите во Република Македонија и понудија можност за секаква соработка. Тие потенцираа дека постои емотивна поврзаност меѓу двата народa, но и заедничка цел, а тоа е влез во Европската унија.

На крајот беше изразено задоволство од досегашната соработка меѓу двете земји и надеж дека истата ќе продолжи и во иднина.

 

Click