Активности



Вторник, 22 јуни 2010 година

Средба на г. Петар Поп-Арсов и г. Александар Спасеновски со г. Јозеф Даул

Во рамките на својата посета на Република Македонија, претседателот на ЕПП-пратеничка група во Европскиот парламент, г. Јозеф Даул оствари средби и со г. Петар Поп-Арсов, претседател на Комисијата за европки прашања во Собранието на Република Македонија и со Александар Спасеновски, копретседател на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ.

Акцентот на разговорите беше ставен на севкупните активности што ги презема Собранието на Република Македонија, а во тие рамки и на Комисијата за европски прашања и на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ во насока на усогласување на законодавството на Република Македонија со правото на Европската унија, соработката на нашиот парламент со Европскиот парламент, за перспективите на Република Македонија за членство во Европската унија, исполнување на преостанатите обврски констатирани со Резолуцијата на ЕП, реалните состојби во нашата држава, како и можностите за забрзување на процесот на пристапување кон Европската унија.

На крајот од средбата двострано беше констатирано дека воспоставените контакти меѓу македонското собрание и Европскиот парламент треба да се интензивираат и продлабочат.

Click