Активности



Петок, 9 јули 2010 година

Средба со г-ѓа Славица Ѓукиќ-Дејановиќ, претседател на Народното собрание на Република Србија

Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Србија денеска имаше средба со г-ѓа Славица Ѓукиќ-Дејановиќ, претседател на Народното собрание на Република Србија.

На средбата присуствуваа членовите на пратеничката група г. Иван Стоилковиќ, г. Абедин Зумбери, г-ѓа Весна Бендевска и г. Сафет Незири.

Претседателот на Народното собрание на Република Србија, г-ѓа Славица Ѓукиќ-Дејановиќ беше запозната со работата на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Србија, при што беше истакнато дека Република Македонија е силно заинтересирана за поттикнување на политичкиот дијалог и примена на принципот на добрососодство во функција на политичка и безбедносна стабилизација на регионот.

На средбата беше истакна дека економските односи меѓу двете држави треба да бидат на повисоко ниво и парламентите се тие кои можат да ја преземат улогата на потсетување до министерствата во врска со тоа.

Исто така, на средбата беше истакнато дека треба да се востанови пракса на добра соработка меѓу парламентите, т.е. да се унапреди парламентарната соработка меѓу Република Македонија и Република Србија.

Click