Активности

Понеделник, 8 март 2010 година

Стоп за насилството врз жените

Денеска, на 8 Март - Меѓународниот ден на жените, министрите за вработување и социјални прашања на Европската унија ќе ги дефинираат инструментите и основните насоки на дејствување на стратегијата на Европа против половото насилство.

Земјите-членки на ЕУ се очекува да ги поддржат специјалните мерки, како што е воведување на слободна ЕУ телефонска линија со единствен број – 116016, кој ќе им послужи на злоставуваните жени да стигнат до информации, помош и поддршка.

Министрите исто така ќе расправааат за вработувањето и социјалните прашања во политиката на стратегијата ЕУ 2020.

Предлогот на Европската комисија за следната деценија вклучува зголемување на нивото на вработеност за возрасната група од 20 до 64 години од сегашните 69% на најмалку 75%.

Меѓународниот ден на жената е меѓународен празник што се одбележува на 8 март секоја година. Тоа е ден на борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.
Click