Активности

Вторник, 22 јуни 2010 година, Стразбур

Учество на делегација на Собранието на Република Македонија на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Од 21 до 25 јуни 2010 година во Стразбур,  Франција, се одржува редовната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС на СЕ).

Во работата на ПС на СЕ и неговите тела учествуваат шефот на делегацијата, г. Александар Николоски, членот г-ѓа Ермира Мехмети Деваја, како и замениците на членовите г. Зоран Петрески и г. Андреј Жерновски.  

Имајќи предвид дека Република Македонија претседава со Комитетот на министри од мај до ноемеври оваа година, на оваа сесија пред парламентарците свое обраќање и размена на мислења имаше министерот за надворешни работа на Република Македонија г. Антонио Милошоски во функција на претстедател на Комитетот на министри на Советот на Европа.

На 24 јуни се очекува и обраќање на претседателот на Република Македонија г. Ѓорге Иванов. Оваа сесија е во знакот на земјите од регионот и свои обраќања ќе имаат и Претседателот на Република Хрватска г. Иво Јосиповиќ и премиерот на Црна Гора г. Мило Ѓукановиќ.  

Според дневниот ред теми на дикусија се: буџетот и приоритетите на Советот на Европа за 2011 година, состојбата на Косово и улогата на Советот на Европа, Ромите во Европа, договорите за реадмисија и програмите за враќање на нелегалните мигранти, исламот, исламизмот и исламофобијата во Европа, политичките последици на економската криза и друго.

По итна постапка се разгледуваат разгорувањето на тензиите на Блискиот Исток и состојбата во Киргистан.

Членовите на македонската делегација ќе дискутираат на теми сврзани со состојбата на демократијата во Европа, состојбата на Косово и ќе учествуваат во размена на мислења со личностите поканети да се обратат на оваа сесија.  

 

Click