Активности



Четврток, 17 јуни 2010 година

Тринаесетта седница на Буџетскиот совет

Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија на Тринаесеттата седница одржана на 17 јуни 2010 година гo разгледа Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2010 година - Раздел 02001 Собрание на Република Македонија и врз основа на расправата едногласно ги усвои следните заклучоци:

1. Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија констатира дека во Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2010 година, во Разделот 02001 Собрание на Република Македонија има отстапување од Буџетот на Република Македонија за 2010 година. 

2. Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија ги поддржува амандманите на Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2010 година, на Раздел 02001 Собрание на Република Македонија, изготвени од Службата на Собранието. 

3.  Буџетскиот совет предлага освен консултациите и усогласувањата во однос на финансиската проекција на потребни средства на Собранието на Република Македонија кои се утврдуваат со Буџетот на Република  Македонија, Собранието да одржува средби и консултации со Министерството за финансии и при донесувањето на измените и дополнувањата на Буџетот на Република Македонија, во Разделот 02001 Собрание на Република Македонија.

4. Овие заклучоци да се достават до претседателот на Собранието на Република Македонија, до Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија и до Минитерството за финансии .

Click