Активности



Понеделник, 7 јуни 2010 година, Комисија за европски прашања

Улогата на парламентот - клучна на патот кон ЕУ

Претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Петар Поп Арсов и членовите:  г-ѓа Станка Анастасова, г. Андреј Жерновски, г. Игор Ивановски, г-ѓа Владанка Авировиќ, г-ѓа Силвана Бонева, г. Александар Спасеновски, г-ѓа Христина Рунчева, г. Васко Шутаров, г. Панче Дамески и г. Хајрула Мисини, денеска остварија средба со г. Андреас Ронки, министер за европски политики на Република Италија.

Претседателот, г. Поп Арсов, упати поздрав до членовите на италијанската делегација и се заблагодари во свое и во име на членовите на Комисијата за континуираната поддршка што ѝ ја дава Република Италија на Република Македонија, преку признавање под уставното име. Од особено значење за нашата земја е интензивирањето на соработката на парламентарно ниво.

На средбата, претседателот ги запозна присутните со надлежностите и работата на Комисијата, потенцирајќи ги клучните точки за кои се залага, меѓу кои се и ефикасното спроведување на реформите, особено во делот на јавната администрација, судството, борбата против криминалот и корупцијата, воедно исполнување на критериумите и изнаоѓање на прифатливо решение на билатералниот спор по однос на прашањето за името, со цел побрзо интегрирање во ЕУ и НАТО.

Улогата на парламентот е клучна на патот кон ЕУ и НАТО, односно парламентот е двигател за надминување на проблемите, истакна министерот за европски политики на Република Италија.

Министерот Ронки посочи дека оваа посета е конкретен знак за поддршката што Република Италија ѝ ја дава на Република Македонија и изрази надеж дека во иднина ќе се зајакне економската соработка меѓу двете земји. 

Click