Активности

Понеделник, 19 јули 2010 година

Учество на потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули на Третата светска конференција на спикери на парламентите

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули учествува на Третата светска конференција на спикери на парламентите која во организација на Интерпарламентарната унија се одржува во Женева од 19 до 21 јули 2010 година.

„Парламентите во светот на криза: обезбедување на глобална демократска одговорност за заедничко добро на сите“  е централна тема на конференцијата.

Повеќе од 150 претседатели на парламенти ќе учествуваат на оваа Трета светска конференција на спикери на парламенти, која се одржува секои пет години. Како највисоки законодавни претставници, тие во рамките на тродневната расправа ќе се обидат да дадат колективни одговори за повеќето предизвици со кои се соочува светот. Конференцијата ќе се одржи во ООН во Женева, а на отворањето ќе зборува генералниот секретар на ООН, г. Бан Ки Мун.

Се очекува конференцијата да заврши со усвојување на декларација. 
Click