Активности



Понеделник, 14 март 2011 година

Дваесет и петта седница на Комисијата за култура

Комисијата за култура на Собранието на Република Македонија, на Дваесет и петтата седница, одржана на 11 март 2011 година, како матично работно тело, ги разгледа:

  • Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудиовизуелните добра - I читање;
  • Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за задолжителен примерок - I читање.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г-ѓа Елизабета Канческа-Милевска, министер за култура.

Во образложението на Предлог-законите, претставникот на Владата ја нагласи потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

На крајот, Комисијата едногласно и без дискусија го усвои следниот Заклучок:

Комисијата за култура го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудиовизуелните добра - I читање и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за задолжителен примерок - I читање и оцени дека овие Предлог-закони се прифатливи и дека треба да се дадат на натамошно читање.



Click