Активности



Петок, 18 март 2011 година

Триесет и петта седница на Комисијата за здравство

Комисијата за здравство на Собранието на Република Македонија, на седницата одржана вчера, како матично работно тело го разгледа:

  • Предлогот на закон за дополнување на Законот за лековите и медицинските помагала, по скратена постапка, поднесен од пратеникот г-ца Марија Андоновска.

Во образложението на потребата од донесувањето на овој Предлог-закон, предлагачот кажа дека со него се врши допрецизирање на прашањето кое се однесува на правата, обврските, имотот, вработените, архивата и документацијата на Бирото за лекови по неговото престанување со работа.

Воедно, таа истакна дека со Законот за лековите и медицинските помагала основана е Агенција за лекови за вршење на управните и стручните работи во врска со лековите и медицинските помагала, при што во преодните одредби на овој закон предвидено е до отпочнувањето со работата на Агенцијата за лекови, Бирото за лекови да продолжи да ги врши работите од надлежност на Агенцијата за лекови утврдени со овој закон.

Меѓутоа, во овој закон, ниту во Законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските помагала, не е уредено претходно изнесеното прашање. За таа цел потребно е донесување на предложениот закон.

Врз основа на расправата, а согласно член 142 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата едногласно констатира Предлогот на закон за дополнување на Законот за лековите и медицинските помагала да го проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 

Click