Активности



Четврток, 24 март 2011 година

Триесет и шеста седница на Комисијата за здравство

Комисијата за здравство на Собранието на Република Македонија на Триесет и шестата седница, одржана на 22 март 2011 година, како матично работно тело ги разгледа:

  1. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита- II читање;
  2. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на козметичките производи - II читање;
  3. Предлогот на закон за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување - II читање;

По Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита Комисијата претресе два амандмани и едногласно ги усвои истите.

Во определениот рок од Деловникот по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на козметичките производи - II читање и Предлогот на законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување - II читање, немаше поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Комисијата едногласно заклучи трите Предлог-закони да ги проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 

Click