Активности



Четврток, 24 март 2011 година

Четириесет и втора седница на Комисијата за одбрана и безбедност

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Четириесет и втора седница, како матично работно тело ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за испитување и жигосување, односно обележување на огненото оружје и муницијата - II читање;
  2. Предлог-законот за изменување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија - II читање.

По двата Предлог-закони до предвидениот рок за поднесување на амандмани немаше поднесено амандмани од овластените предлагачи.

На крајот од расправата, Комисијата ги проследи Предлог-законите на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 

Click