Активности



Среда, 23 март 2011 година

Педесет и осма седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 58. седница, како матично работно тело во второ читање го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за рибарство и аквакултура.

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше г. Перица Иваноски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседавачот на Комисијата, г. Панче Дамески, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по Предлог-законот.

Комисијата без дискусии го проследи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за рибарство и аквакултура (второ читање) на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click