Активности



Четврток, 24 март 2011 година

Шеесет и втора седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на денешната Шеесет и втора седница, во второ читање ги разгледа:

  1. Предлогот-законот за изменување и дополнување на Законот за градежните производи;
  2. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за стечај;
  3. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за туристичка дејност.

Претседателот на Комисијата, г. Љубисав Иванов-Ѕинго, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија по трите Предлог-закони не се поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Комисијата за економски прашања заклучи трите Предлог-закони да ги проследи на натамошна постапка на Собранието на Република Македонија.

 

 

Click