Активности



Четврток, 24 март 2011 година

Седумдесет и втора седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на Седумдесет и втората седница, одржана на 22 март 2011 година, како матично работно тело, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај - II читање;
  2. Предлог-законот за дополнување на Законот за основање на македонска академска истражувачка мрежа - II читање;
  3. Предлог-законот за дополнување на Законот за електронско управување - II читање.

На седницата на Комисијата, во својство на претставници на Владата на Република Македонија, присуствуваа г. Горан Михајловски, заменик-министер за транспорт и врски и г-ѓа Мирјана Секуловска, заменик-министер за информатичко општество и администрација.

Претседавачот на Комисијата, г-ѓа Катерина Димеска, ги извести пратениците дека по Предлог-законите согласно рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија не се поднесени амандмани од овластени предлагачи

Комисијата без дискусии заклучи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај - II читање, Предлог-законот за дополнување на Законот за основање на македонска академска истражувачка мрежа - II читање и Предлог-законот за дополнување на Законот за електронско управување - II читање, да се проследат на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 



Click