Активности



Четврток, 17 март 2011 година

Средба на г-ѓа Благородна Дулиќ со претставници на министерството за надворешни работи на Република Хрватска

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска, г-ѓа Благородна Дулиќ  и членовите на Групата, денеска во Собранието на Република Македонија остварија средба со претставници на Министерството за надворешни работи на Република Хрватска.

На средбата, покрај претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска, г-ѓа Благородна Дулиќ, присуствуваа и членовите на Групата: г. Васко Шутаров, г-ѓа Надица Танчева-Тулиева и г. Панче Дамески.

Во состав на хрватската делегација беа Н.Е. Марио Нобило, амбасадор, државен секретар на министерството за надворешни работи на Република Хрватска; Н.Е. Златко Крамариќ, амбасадор на Република Хрватска во Република Македонија; г. Стјепан Глас, ополномоштен министер во Амбасадата на Република Хрватска во Република Македонија и г. Петар Михатов, советник на министерот за надворешни работи.

Претседателот на Пратеничката група, г-ѓа Благородна Дулиќ, средбата ја искористи да ги запознае присутните со актуелната политичка ситуација со која се соочува Република Македонија, а беа разменети мислења по прашањето за името и стремежот на Република Македонија на патот кон ЕУ и НАТО.

Присутните ги посочија досегашните добри билатерални односи помеѓу двете земји, како и надеж за развивање и продлабочување на таа соработка на сите полиња во иднина.

Беше истакната и спогодбата постигната во Сплит за заемно решавање на прашањата со малцинствата помеѓу двете држави, односно македонското малцинство во Република Хрватска и хрватското малцинство во Република Македонија.

Н.Е. Марио Нобило, амбасадор, државен секретар на министерството за надворешни работи на Република Хрватска, посочи дека на оваа средба гледа како можност за размена и пренос на совети помеѓу двете држави и дека Република Хрватска може со своето искуство да ѝ помогне на Македонија на патот кон ЕУ и НАТО, а со тоа и на регионот.

Click