Активности



Четврток, 24 март 2011 година

Стота седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на денешната Стота седница, како матично работно тело разгледа пет Предлог-закони.

По Предлогот на законот за изменување и дополнување на Царинскиот закон, Комисијата во второ читање разгледа пет Амандмани, поднесени од пратеникот Крсто Мукоски, кој ги образложи истите.

Комисијата едногласно го усвои сите амандмани и заклучи дека согласно Деловникот на Собранието на Република Македонија  исполнети се условите за подготвување на  Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Царинскиот закон.       

Во однос на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка (во второ читање), Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа (во второ читање) и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за задолжително осигурување во сообраќајот (во второ читање), не беа поднесени амандмани, па Комисијата едногласно заклучи дека не се исполнети условите за изработка на Дополнет предлог на закон и му предлага на Собранието да ги разгледа и да ги донесе.

По Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурување, во второ читање Комисијата разгледа еден Амандман, поднесен од пратеникот Владанка Авировиќ, која го образложи  истиот, при што појасни дека тој е од технички карактер.

Заменикот на министерот за финансии се согласи со предложениот амандман, а Комисијата  едногласно го усвои.

Комисијата едногласно заклучи дека согласно Деловникот на Собранието на Република Македонија  исполнети се условите за подготвување на  Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурување.       

 

 

 

Click