Активности



Петок, 9 декември 2011 година

Четиринаесетта седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија, на Четиринаесеттата седница, одржана на 7 декември 2011 година, во скратена постапка ги разгледа:

  • Предлог-законот за изменување на законот за државните службеници;
  • Предлог-законот за изменување на Законот за јавните службеници.

Предлог-законите ги образложи заменикот на министерот за информатичко општество и администрација, г-ѓа Марта Арсовска-Томовска.

Претседателот на Комисијата, г. Илија Китаноски, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, по  Предлог-законите не се поднесени амандмани од овластените предлагачи.

Во расправата по Предлог на законот за изменување на законот за државните службеници учествуваа пратенците: г-ѓа Ана Павловска-Данева, г-ѓа Весна Бендевска, г-ѓа Цветанка Иванова, г. Илија Китаноски и г. Кенан Хасипи.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ги проследи Предлог-законите на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

                  

Click