Активности



Среда, 19 октомври 2011 година, Берн

Во рамките на 125. Собрание на ИПУ се одржа дебата за реформа на финансиските пазари


На 125. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува од 16 до 19 октомври 2011 година во Берн, Швајцарија учествува Делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г. Јани Макрадули, шеф на делегацијата, г-ѓа Силвана Бонева, г. Талат Џафери, г. Имер Алиу, г. Горан Мисовски и г. Рејхан Дурмиши, членови на делегацијата.

Постојаните комисии на Интерпарламентарната унија одржаа три панел дискусии за темите кои се вклучени во дневниот ред на следното 126. Собрание на ИПУ.

Првата постојана комисија за мир и меѓународна безбедност одржа дискусија на тема: „Промовирање и практикување на добро владеење како средство за промовирање на мирот и безбедноста: извлекување на лекции од скорешните настани на Блискиот Исток и Северна Африка“. Воведничари во дебатата, покрај известителите, беа преставник на медиумите од Египет, советник во Бирото за превенција од кризи и обнова на УНДП и раководителот на Програмата за родово партнерство на ИПУ. 

Панел дискусија на тема „Редистрибуција на моќта, а не само на богатството: кој ја поставува меѓународната агенда?“, одржа Втората постојана комисија за одржлив развој, финансии и трговија.

Трета постојана комисија за демократија и човекови права дискутираше на тема: „Пристап до здравје како основно право: улогата на парламентите во клучните предизвици за обезбедување здравје на жените и децата“, при што како воведничари настапија претставници на Светската здравствена организација и Партнерството за здравје на мајките, новороденчињата и децата.

Комисијата на ИПУ за прашања на ООН одржа седница, на која беше дискутирано за нуклеарното разоружување, активностите на Алијансата на цивилизациите, подготовките за Конференција на ООН за климатски промени, соработката меѓу ИПУ, парламентите и ООН и сл.

На седницата на Управниот совет на Интерпарламентарната унија, беше усвоена Стратегијата на Интерпарламентарната унија 2012-2017, како и буџетот на организацијата за 2012 година, со намалување од 7% во однос на 2011 година, односно намалување од 9% во просек на членарините на земјите-членки, имајќи ги предвид финансиските мерки за штедење на националните парламенти.

 Во рамките на 125. Собрание на Интерпарламентарната унија се одржа и специјален настан - дебата за реформа на финансиските пазари.

           

Click