Активности

Вторник, 27 септември 2011 година, Братислава 

Делегација на Комисијата за европски прашања во работна посета на Република Словачка
 
Делегацијата на Комисијата за европски прашања, во состав г. Хајрула Мисини, претседател на Комисијата и членовите: г-ѓа Силвана Бонева, г-ца Маринела Тушева и г. Орхан Ибраими, денеска имаше повеќе средби со претставници на Министерството за надворешни работи на Република Словачка, како и со неколку директори на Бизнис асоцијацијата на Словачка, ЕУ Фондот за меѓународна соработка и регионален развој и  Институтот за економски и социјални реформи ИНЕКО.

На средбата со директорот за ЕУ прашања, одговорен за Југоисточна Европа, г. Јан Пшеница, беа разменети мислења и искуства за евроинтегративните процеси на Република Македонија, од аспект на словачките искуства.

Пратениците беа информирани за текот на евроинтегративниот процес на Република Словачка, при што на нивните прашања одговараа стручни лица од Министерството.

Во разговорите со директорите на Бизнис асоцијацијата на Словачка, ЕУ Фондот за  меѓународна соработка и регионален развој и Институтот за економски и социјални реформи ИНЕКО, стана збор за промените и влијанијата со кои се соочила Словачка по влезот во Европската унија, во економскиот, социјалниот и општо во секојдневниот живот на словачките граѓани.
Притоа, домаќините изразија подготвеност за помагање на Република Македонија во овој домен.

Делегацијата утре ќе има средба со претседателот и членовите на Комисијата за европски прашања на Националниот совет на Република Словачка.
Click