Активности



Среда, 5 октомври 2011 година

Четврта  седница на  Комисијата за транспорт, врски и екологија 

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, како матично работно тело, на Четвртата седница одржана на 4 октомври 2011 година, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите и стварноправните односи во воздушниот сообраќај - II читање;
  2. Предлог-законот за дополнување на Законот за договорите за превоз во железничкиот сообраќај- II читање.

На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше г. Тахир Хани, заменик министер за транспорт и врски.

Претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, г. Реџаиљ Исмаили, ги извести пратениците дека по овие Предлог на закони согласно рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија не се поднесени амандмани од овластени предлагачи.

На крајот, Комисијата заклучи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите и стварно правните односи во воздушниот сообраќај и Предлог-законот за дополнување на Законот за договорите за превоз во железничкиот сообраќај, да се проследат на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click