Активности



Вторник, 25 октомври 2011 година

Десетта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Десеттата седница, одржана на 19 октомври 2011 година, како заинтересирано работно тело го разгледа:

  • Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2011 година. 

Во расправата учествуваа пратениците: г. Марјанчо Николов, г. Борис Стојменов,  г. Ромео Тренов, г. Изет Зеќири, г-ѓа Лилјана Кузмановска, г-ѓа Владанка Авировиќ, г. Самка Ибраимоски, г. Драган Цуклев и г. Стојко Пауновски.

Комисијата во расправата по Извештајот претежно се осврна во делот на поглавјата кои се во нејзина надлежност:

  • слободно движење на капиталот;
  • јавните набавки;
  • финансиските услуги;
  • оданочувањето;
  • економската и монетарната политика;
  • царинската унија;
  • финaнсиската контрола;
  • финансиските и буџетските одредби.   

На крајот од расправата Комисијата едногласно заклучи да му предложи на Собранието да го разгледа Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2011 година. 


 

Click