Активности



Четврток, 10 ноември 2011 година
 
Клубот на пратенички го разгледуваше Предлог-буџетот на Република Македонија за 2012 година, во делот на родовата рамноправност

Клубот на пратенички на состанокот што го одржа денеска го разгледуваше Предлог-буџетот на Република Македонија за 2012 година, во делот на родовата рамноправност.

По обемна дискусија беше донесен заклучок да се поднесат амандмани на Предлог–буџетот на Република Македонија за 2012 година и тоа:

  • Амандман за обезбедување на средства за работа на Државниот совет за малолетничка правда кој е формиран на предлог на Собранието на Република Македонија во соработка со УНИЦЕФ; 
  • Амандмани за обезбедување на средства за зголемување на стручниот кадар (логопеди, дефектолози и социјални работници) во градинките, училиштата, дневните центри за деца со посебни потреби и сл.
Click