Активности

Петок, 11 ноември 2011 година
 
Комисијата за еднакви можности меѓу жените и мажите ќе има средба со вицепремиерката Теута Арифи

Претседателката на Комисијата за еднакви можности меѓу жените и мажите, г-ѓа Лилјана Поповска, заедно со членовите на комисијата ќе оствари средба со потпретседателот за евроинтеграции, г-ѓа Теута Арифи.

Средбата е на барање на собраниската комисија заради подобра координација околу прибирањето и давањето информации за изработка на Извештајот на европската комисија во делот на родовата рамноправност.

Средбата ќе се одржи на 14 ноември 2011 година (понеделник) во 13,00 часот во Владата на Република Македонија.
Click