Активности



Петок, 14 октомври 2011 година

Осма седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија, на Осмата седница одржана на 13 октомври 2011 година, како матично работно тело го разгледа:

  • Предлог-законот за престанување на важење на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011 година, по скратена постапка.

До предвидениот рок за поднесување на амандмани, на Комисијата беа поднесени пет Амандмани од овластените предлагачи.

Во дискусијата по точката од дневниот ред, учествуваа пратениците: г. Гордан Георгиев, г-ѓа Силвана Бонева, г. Александар Спасеновски, г. Џеват Адеми, г. Изет Зекири, г. Илија Димовски, г-ѓа Радмила Шекеринска, г. Антонио Милошоски, г-ѓа Ана Павловска-Данева, г. Владимир Ѓорчев, г. Јани Макрадули, г. Иван Стоиљковиќ, г. Кенан Хасипи, г-ѓа Лилјана Поповска, г. Неџат Јакупи, г. Горан Мисовски, г. Оливер Спасовски, г-ѓа Цветанка Иванова, г. Горан Сугаревски, г-ѓа Лилјана Кузмановска и министерот за правда, г. Блерим Беџети.

Комисијата ги претресе петте предложени Амандмани по Предлог-законот за престанување на важење на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011 година, но не усвои ниту еден амандман.

На крајот од расправата, Комисијата го проследи Предлог-законот за престанување на важење на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011 година на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click