Активности



Петок, 14 октомври 2011 година

Осма седница на Законодавно-правната комисија

Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија, на Осмата седница, одржана денеска, го разгледа:

  • Предлог-законот за престанување на важење на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011 година, по скратена постапка.

По Предлог-законот, Законодавно-правната комисија водеше претрес по пет поднесени Амандмани од овластените предлагачи.

Во претресот по Амандманите учествуваа пратениците: г. Оливер Спасовски, г-ѓа Благородна Дулиќ, г-ѓа Цветанка Иванова, г-ѓа Соња Мираковска и г. Горан Сугаревски.

Комисијата ги претресе петте предложени амандмани по Предлог-законот за престанување на важење на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011 година, по скратена постапка, но не усвои ниту еден Амандман.

На крајот од расправата, Законодавно-правната комисија Предлог-законот за престанување на важење на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011 годинана го проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click