Активности



Петок, 21 октомври 2011 година

Парламентите се главни механизми за движење на сите демократски процеси

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Сузана Салиу, денеска оствари протоколарна средба со Н.Е. Алијар Лебе Абдул Азеез, вонреден и ополномоштен амбасадор на Демократска Социјалистичка Република Шри Ланка за Република Македонија, со седиште во Виена.

На самиот почеток, потпретседателот, г-ѓа Салиу, упати честитки до амбасадорот Алијар Лебе Абдул Азеез за предадените акредитиви, воедно изрази задоволство од овој вид на средба на парламентарно ниво, бидејќи парламентите се главни механизми за движење на сите демократски процеси.

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Сузана Салиу, потсети дека стратешката цел за Република Македонија и понатаму останува членство во ЕУ и НАТО.

Амбасадорот Алијар Лебе Абдул Азеез го сподели мислењето со потпретседателот Салиу во однос на ЕУ и НАТО и дека Република Македонија 20 години работеше на реформите и има постигнато успех.

Тој го охрабри пристапувањето и успехот на патот кон ЕУ и НАТО без приговори од ниту една страна, затоа што Република Македонија ќе се прилагоди на европскиот начин на живот, но диверзитетот и историското наследство ќе имаат позитивни влијанија на ЕУ и НАТО.

Потпретседателот Салиу изрази верување дека оваа средба ќе помогне во интензивирање  на соработката, особено на парламентарно ниво и ќе биде поттик за создавање на парламентарна група за соработка на парламентите меѓу двете земји.

Н.Е. Алијар Лебе Абдул Азеез се согласи дека парламентите се огледало на она што се случува во општеството и треба да се мостови за соработка меѓу двете држави, а преку нив и на граѓаните. Затоа, треба да се работи на јакнење на парламентарната соработка.

Присутните се согласија дека помеѓу Демократска Социјалистичка Република Шри Ланка и Република Македонија има доста сличности како мултиетнички, мултирелигиозни и мултикултурни општества, кои се добра основа за продлабочување на понатамошните односи.

Click